Левичарското движење „Солдарност“ и „Ленка“ го повика Сојузот на синдикати на Македонија да излезе на протести на 1. Мај и да застанат во одбрана на работничките права. Тие го обвинија ССМ за окупирање на фотељите од бирократските елити кои не водат грижа за социјалните права на работниците.
– ССМ ќе успее да се избори за едно право, но од друга страна губи десет. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат да можеме заедно да се избориме за социјална правда. Први мај живее – револтирано извикуваа насобраните граѓани.
До Денот на трудот тие најавија неколку активности кои планираат да ги реализираат. Во петок ќе организираат акција пред Агенцијата за вработување.
Во понеделник ќе организираат трибина „Зошто социјалниот дијалог не дава резултати“. На 1. Мај овие социјални движења ќе се соберат на протест во заштита на работникчките права.
Петар Клинчарски