Касами: Ќе водиме состојба на ред, правда и дисциплина

Од:

Носителот на листата на коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Движењето Беса, во шестата изборна единицам Билал Касами, оствари средби со жителите на Тетово од централното градско подрачје или популарната „Улица на бутици“, каде вообичаено во четврток се одвива и пазарен ден. Главната порака беше дека политичката програма на Движењето БЕСА ќе води состојба на ред, правда и дисциплина.

-Сега со поддршка на граѓаните, во овој мандат ќе работиме да ги отворима сите 80 поглавја од преговирите за членство во ЕУ. Така, не само формално и реално ќе се подобри животот на граѓаните. Ќе се зголеми просечната плата, поддршка на малите бизниси, подобрување во образование, инфраструктурата. Реално ќе се обидеме на крајот од мандатот животот да биде поблизок како во земјите членки во ЕУ, истакна Билал Касами.

Активносите денес низ Тетово ги спроведе заедно со останатите кандидати за пратеници Хатије Етеми, Абдуш Демири, Фатлинда Јаја и Аднан Азизи.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски