Сугарески: Задоволен сум од реализацијата на капиталните инвестиции, градиме како што не се градело во последните 30 години

Од:

Во целата држава во последните 30 години се нема изградено во делот на инфраструктурата  како што се гради во овие три години. И покрај здравствената криза, задволен сум од начинот на кој се реализираат капиталните инвестиции и, согласно податоците кои ги добивам, очекувам вториот квартал да биде завршен со колу 25 проценти, а до крајот на градежната сезона голем дел од овие проекти во целост да бидат реализирани, порача министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешната посета на Арачиново заедно со премиерот Оливер Спасовски.

-Тоа во секое време  можам да го докажам преку бројки. Не со паушални прозивки, туку со практични дела. Имаме направено преку 500 километри водоводи и канализации за две и пол години, огромна реконструкција на патишта. Не постои плански регион од осумте каде што не се гради и не се реконструира. Зборувам за суштински капитални проекти, а не капитални проекти од типот на споменици, изјави Сугарески по увидот во изградбата на канализациската мрежа во Арачиново.

Тој нагласи дека од страна на изведувачите бил информиран дека динамиката на изградбата на канализацијата во Арачиново тече одлично и дека повеќе од 55 проценти се веќе реализирани.

-Иако рокот за изградба е предвиден до март наредната година, се очекува до октомври или до ноември годинава проектот да биде во целост завршен. За Арачиново преку Министерството за транспорт и врски и Светска банка, заедно со Владата доделени се средства во износ од околу 600 илјади евра кои ќе треба да бидат искористени за изградба на локални патишта и улици. Укажавме дека проектите за локални патишта и улици треба што побрзо да бидат доставени до Министерството за да ги одобри банката и да може да дојде до целосна нивна имплементација, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска