Гасперини: Се чини дека на Аталанта повеќе не и треба тренер

Од:

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, ги сподели своите импресии по мечот со Лацио (3:2) од 27. коло на Италијанскиот фудбалски шампионат.

Поради дисквалификација, Гасперини средбата ја гледаше од трибините.

– Не е забавно да гледате натпревар од трибините, затоа што не можете да направите ништо, дури и да им давате совети на вашите играчи. Не беше лесно, но во исто време и јас сум многу задоволен, бидејќи добив впечаток дека на овој тим повеќе не му треба тренер. Тие точно знаат што да прават. Само треба збор или гест за да го направат она што им е потребно. Оваа Аталанта има зрелост и непоколеблива самодоверба дури и во најтешките ситуации, како вечерва. Добија натпревар по 0:2 против тим како Лацио, постојано одржувајќи ја самодовербата дека ќе има пресврт. Само неколку екипи се способни за тоа, изјави Гасперини.

Аталанта е четврта на табелата во Серија А со 54 бода.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска