Цената на златото повторно расте поради сомнежите во закрепнувањето на економијата

Од:

Цената на златото денеска се доближи до највисокото ниво во последните осум години, а новиот пораст се должи на  новозаболените со Ковид-19 во светот и сомнежот дека набрзо ќе се обнови економијата, објаснуваат експертите.

Цената на унца (околу 28 грама) злато денеска се зголеми за 0,6 проценти и се тргуваше за 1.778,20 долари, што е највисока од октомври 2012 година. Додека на американските берзи цената на златото е зголемена за 0,7 отсто и унца се тргува за 1.749, 30 долари.

Побарувачката за злато е поттикната од загриженоста поради зголемениот број на инфицирани со новиот коронавирус. Централните банки низ целиот свет веќе ги зголемија мерките за стимулирање, а и ги задржаа на ниско ниво каматните стапки, со цел да ги ублажат ефектите од пандемијата врз економијата.

Во таков амбиент, инвеститорите сакаат да се заштитат од потенцијалниот раст на инфлацијата и пад на вредноста на националните валути, па сè повеќе купуваат злато, чија цена годинава порасна за повеќе од 16 проценти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Купивме пет тони злато

Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато

(ВИДЕО) Запленети 4,8 килограми злато при влез на „Богородица“

Реакции по враќањето на старите цени на полисите: Државата воспостави 100 отсто контрола над цените, обвинуваат осигурителните компании

А1он

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Изгласан законот за нефер трговски практики: Рабатот кај земјоделските производи ќе биде 10 отсто

A1on