САД издвои помош за реставрација на споменици на културата во Албанија

Од:

Со американски пари ќе се санираат оштетувањата на неколку објекти со културно – историска вредност, погодени од земјотресот што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година.

Станува збор за грант во износ од 800.000 долари со кои ќе бидат опфатени неколку објекти во Круја, Драч и Преза, месатата што претрпеа големи оштетувања од земјотресот.

Американската амбасадорка, Јури Ким, рече дека овој проект за зачувување на културата „ ја покажува вредноста што САД ја придаваат на богатото наследство на Албанија“.

-Денес го означуваме почетокот на проектот за обнова на културните знаменитости, оштетени од земјотресот од 26 ноември, во Круја, Драч и Преза, како дел од Проектот на Фондот на амбасадори на САД за зачувување на културното наследство (АФЦП). Овој проект ја покажува вредноста што САД и ја придаваат на богатото наследство на Албанија, а мојата надеж е дека сработеното ќе биде како сведоштво за длабокото пријателство меѓу нашите два народа, изјавила Ким на потпишувањето на грантот.

Посочила дека сите објекти имаат извонредна културна вредност, но оти е посебно среќна што Меморандумот за разбирање за спроведување на грантовите на АФЦП го потпишува токму во Круја, „кој е дом на Скендербег, националниот херој на Албанија“.

Со овој двегодишен проект покрај објекти во Драч и Преза, ќе биде опфатена и позната тврдината во Круја.

Би можело да ве интересира

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво