Парична казна за три лица од Дебар​

Од:

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Двајца од обвинетите, како што соопштија од Јавното обвинителство, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата. Тие за време на полициски час пеш се движеле низ Дебар. Третото обвинето лице спротивно на здравствение прописи, послужувало гости во угостителски објект.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог со кој побарал на сите обвинети да им биде изречена парична казна, во висина од по 10 до 100 дневни глоби.

Би можело да ве интересира

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар