Француската компанија „Арселор-Митал“, најголемиот производител на челик во светот, објави дека утре ќе изгаси четири високи печки за производство на челик во железарницата во Флоранж, Франција.
Високите печки од октомври 2011 година се подготвени за почеток на производството, но тоа не се случи, бидејќи цената на челикот на светската берза не е погодна за тоа, вели генералниот директор на „Арселор-Митал Атлантик“, Анри Орсон.
„Арселор-Митал“ во 2011 година произведе 97,2 милиони тони челик, а на листата на „Форчн глобал 500“ за најголеми компании во светот беше на 70-то место.