Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира само двајца новозаболени од Ковид 19, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа. По еден пациент е регистриран во општините Липково и Куманово.
-Денеска, се извршени 40-тина тестирања, соопшти директорот на установата, доктор Ариф Љатифи вклучително по „Мој термин“, епидемиолошки индикации и контролни тестови.
На подрачјето на Центарот за јавно здравје од почетокот на епидемијата Ковид дијагностицирани се 694 лица, од кои во моментов се активно 241 лице.
-Oд вкупно активните 142 се во Липково, останатите 99 во Куманово, изјави д-р Љатифи.