А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Почна со работа канцеларијата „Една точка за услуги“ во Тетово

by А1он22/06/2020 - 12:5122/06/2020 - 13:131331
Share0

Канцеларијата „Една точка за услуги“ на Министерството за информатичко општество и администрација денеска официјално почна со работа во Градскиот трговски центар во Тетово.

Следете a1on на Instagram Instagram

Министерот Дамјан Манчевски ја посети канцеларијата и информираше дека на почетокот граѓаните ќе можат да ја активираат својата електронска идентификација со што ќе можат да  оставруваат 136 услуги кои во моментов се нудат преку националниот портал за електронски услуги: uslugi.gov.mk.

Следете a1on на Youtube YouTube

–Дополнително нашите вработени тука ќе даваат и информации и насоки на граѓаните како полесно да ги остварат услугите преку порталот, но ќе даваат и информации за над 716 услуги попишани во каталогот за услуги кои се дел од порталот. Овде ќе можат да добијат интегрално информации за голем број услуги кои ги нудат голем број различни институции. Граѓаните не треба да одат на различни шалтери, туку овде каде нема шалтери и на нов начин се нудат услугите на граѓантие. Идејата е да нема чекање, полесно да се снајдат и повторно ќе апелирам да ги користат повеќе услугите на националниот портал на електронски услуги, изјави Манчевски.

Тој порача дека во време на здравствена криза, токму електронскиот начин на комуникација дава една можност за безбедноста на граѓаните.

– Дел од овие услуги можат да се дигитализираат, некои не. На пример, со МВР ќе биде можно електронски да се поднесуваат барања, да се добие електронски потврда за прием на барање, но издавање пасош и лична карта ќе мора да се прави физички, односно да се оди до МВР, рече Манчевски.

Соопшти дека со градоначалничката Теута Арифи разговарал и дел од услугите на Општината да се нудат преку електронскиот портал. Сите интернет-клубови на Министерството сега ќе се пренаменат во вакви центри. За еден месец се очекува отворањето во Охрид, а следува Куманово.

До крајот на наредната година би требало во сите градови да се отворат канцелариите „Една точка за услуги“.

mioa

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Катерина Ѓуровски31/01/2024 - 11:59

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on15/01/2024 - 14:01

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on25/12/2023 - 12:57

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски07/05/2023 - 16:5508/05/2023 - 07:47

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он23/06/2022 - 20:36

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он28/12/2021 - 19:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео