Гените не се единствени одговорни за пушењето, но секако се особено важни во моментот при обид за одвикнување.
За престанувањето со пушење не е пресудна волјата, туку генетската предиспозиција, тврдат американските научници од Институтот за лекување болести на дишните патишта во Њујорк.
Ова тврдење го поткрепува истражувањето кое траеше дури 38 години, а со кое се опфатени повеќе илјади испитаници, при што кај одреден број е откриено дека поседуваат генетски варијации кои, што се однесува на пушењето, имаат двојна улога.
Тие се манифестираат во тинејџерскиот период, кога се јавува склоност кон почнување со пушење, а во натамошниот живот доаѓа до создавање исклучително силна зависност од цигарите.
– Тинејџерите со голем генетски ризик за пуштење многу брзо го поминувале патот од пробување цигари до влез во „постојани“ пушачи. Секако, гените не се единствени виновници за прекинување со пушење, но секако се многу важни во моментот на обидот за одвикнување, тврди лекарот Даниела Белско, која ја предводела истражувачката екипа.
На почетокот на истражувањето се покажало дека дури 70 отсто од младите испитаници се обиделе да пушат. Од овој процент дури кај 27 отсто се манифестирале варијабилни гени кои јасно укажувале дека тие и за две децении ќе останат силни никотински зависници, додека дури 22 проценти нема да успеат да се ослободат од цигарите.