Саудиска Арабија планира за денови за викенд да ги прогласи петок и сабота, за да работите денови на нејзините банки и претпријатија бидат како и во повеќето држави во регионот.
Медиумите пренесуваат дека советодавното тело на државата се согласи четврток и петок кои до сега беа денови за викенд да се заменат со петок и сабота.
За да стапи на сила предлогот најпрвин треба да биде одобрен од Советот на министри и Саудискиот кралски суд.
Сличен предлог имаше и во 2007 година, меѓутоа саудиските бизнисмени со години лобираа за промени, бидејќи сакаат работните денови во државата да се поклопуваат со главните комерцијални центри, како Дубаи.
Оман планира од 1-ви мај како неработни денови да ги воведе петок и сабота. Во повеќето заливски држави викендот започнува во петок.
Елена Георгиевска