За два дена нови 46 случаи на коронавирус во Чаир, бројката на заболени се искачи на 352

Од:

Општината Чаир во Скопје останува на врвот во скопските општини според бројот на активни случаи на коронавирус. Пред само два дена, во средата, имаше 306 активни случаи на Ковид-19 во општината, а денешните бројки од Министерството за здравство покажуваат дека има 352 активни случаи.

Понатаму следува Аеродром со 127 случаи, Бутел со 117, Гази Баба со 128.

Во Центар пред два дена имаше 114 активни случаи, а сега се 123. Бројката на новозаболени расте и во Карпош, каде има 108 активни случаи и Сарај со 109.

Нема општина во која бројот на новозаболени нема пораст во последниве 14 дена.

Во статистиката на активни случаи заболени од коронавирусот има и 4 странци и 51 случаи кои се уште не се распределени според општини.

Во останатите општини во Скопје бројот на активни случаи е следен:

  • Кисела Вода – 82
  • Ѓорче Петров – 63
  • Студеничани – 75
  • Шуто Оризари – 54
  • Арачиново – 44
  • Илинден – 24
  • Петровец – 12
  • Чучер Сандево – 8
  • Сопиште – 11

Пред само 10 дена, бројката на активни случаи заболени од Ковид-19 во Скопје изнесуваше 760, а сега е 1593.

Би можело да ве интересира

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Почна увидот во зградата во Чаир во која избувна пожар од импровизиран магацин во подрумот

Катерина Ѓуровски

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир