Предлог-казни против четири лица за прекршување на полицискиот час во Дебар

Од:

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го прекршиле полицискиот час во Дебар.

– Обвинетитe, не почитувајќи ја одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на полицискиот час се движеле низ Дебар, стои во соопштението од ОЈО.

За сите обвинети, обвинителството со доставените предлози побара од Судот да им изрече парични казни во висина од по 10 до 100 дневни глоби.

Лицата се товарат дека го сториле кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар

Се препорачува многу внимателно возење во Дебарско поради одрони на патиштата

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот