ВИДЕО: Ваучери за финансирање ИТ-обуки за млади до 29 години

Од:

Согласно со третиот сет економски мерки, Владата донесе Уредба за доделување ваучери за млади лица за обука за дигитални вештини во вредност од 30.000 денари. Ваучерите ќе покријат дел од трошоците за ИТ-обуките кои ќе бидат од најосновни до најнапредни дигитални вештини и програмирање. Вкупниот буџет е 150 милиони денари.

Како што соопшти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференција, правните лица кои се заинтересирани за давање обуки за дигитални вештини треба да се пријават на повикот кој Министерството за образование и наука ќе го објави на 29 јуни, а пријавувањето ќе биде преку националниот портал за електронски услуги: www.uslugi.gov.mk.

Правните лица кои ќе се пријават, како и видот на обуките што ќе ги понудат, ќе бидат селектирани од Дигитален форум – независно тело со претставници од универзитети со ИКТ-студии, четирите стопански комори, ИКТ-експерти и двајца претставници од Владата. Целта е јавноста да биде сигурна дека селекцијата на обуките ќе биде транспарентна и согласно со потребите на пазарот на трудот.

Дигиталниот форум ќе ја утврди листата на даватели на обуки за дигитални вештини, како и самите обуки. Листата ќе биде јавно објавена од МОН. Младите лица самите ќе изберат видот на обука и правното лице што ќе ги обучува, согласно со нивните потреби и знаења.

Право на пријавување ќе имаат млади до 29 години со најмалку завршено средно образование. И тие ќе се пријавуваат преку порталот uslugi.gov.mk почнувајќи од 19 јули. Ќе добијат електронски ваучер во вредност од 30.000 денари кој потоа ќе можат да го искористат кај некој од понудувачите на обуките од утврдената листа.

Министерот Манчевски на прес-конференцијата рече дека ваучерите за ИТ-обуки ќе им помогнат на младите да ги подобрат своите дигитални вештини со што ќе станат и поконкурентни на пазарот на трудот и брзо да најдат работа.

-Се одлучивме за овој чекор со цел да им помоигнеме на младите лица за справување со последиците од економско-здравствената криза, но и да бидат конкурентни за работни места на кои платите се повисоки и поради евидентниот недостиг на ИТ-кадар. Пандемијата со КОВИД-19 донесе нови правила на работа и неопходно е сите да се прилагодиме на тоа. Дигиталната трансформација и вештини се наметнаа како неопходни како никогаш претходно, рече Манчевски.

При селекцијата на даватели на обуки ќе бидат земени предвид соодветноста на предложените обуки, а од друга страна истражувањата за потребите од дигитални вештини на пазарот на трудот. Постапката за аплицирање на фирмите, на граѓаните и употребата на ваучерите ќе биде целосно електронска.

Покрај ваучерите за ИТ-вештини наменети за млади лица, Владата донесе и две уредби за финансиска поддршка на средношколци и студенти од семејства со ниски примања, од 3.000 односно до 6.000 денари, за кои на заедничката прес-конференција со Манчевски информираше министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он