Јанева нема да биде спроведена во судот за да ја чуе пресудата за „Рекет“

Од:

Катица Јанева поднела барање до судот да не биде спроведена од страна на полицијата во судот каде ќе биде соопштена пресудата за „Рекет“, дознава „А1он“ од извори во судот.

Информацијата ја потврди и Ирена Фрчковска, бранител на Јанева во судскиот процес, но не даде објаснување која е причината поради која нејзиниот клиент одбива да присуствува на крајот од судскиот процес.

Вакво барање не поднел првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 и тој ќе биде спроведен од Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка во судот, каде ќе ја чуе пресудата донесена од судечкиот совет.

Јовановски е обвинет за две кривични дела, примање награда за противзаконито влијание за кое казната е една до 10 години затвор, а исто толку е и казната за другото дело што му се става на товар, односно, перење пари и други приноси од казниво дело.

Јанева пак, Обвинителството ја товари за злоупотреба на службената положба и овластување, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 3 години.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење