Променливо облачно, попладне повторно дожд и грмежи

Од:

Променливо облачно време со слаб до умерен северозападен и западен ветер ќе преовладува денеска во земјава. На повеќе места ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните и североисточните делови од земјава.

Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а дневната ќе се движи од 24 до 31 степен.

Во Скопје слично време со услови за локален пороен дожд и ретки грмежи попладне. Минималната температура ќе достигне до 14-тиот, а максималната до 30-тиот степен.

Синоптичарите најавуваат преодно стабилизирање во петок, а за време на викендот и на почетокот на следната недела повторно ќе има услови за попладневна локална нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северозападен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски