ЦЈЗ Куманово: Двајца новозаболени, двајца починати и еден оздравен пациент од Ковид 19

Од:

Центарот за јавно здравје Куманово последниве 24 часа регистрира двајца новозаболени пациенти од Ковид 19, по еден во Општина Куманово и во Општина Липково, информираа надлежните од јавната здравствена установа.

Според соопштението од Министерството за здравство, еден пациент на возраст од 81 година, примен во болница на 3 јуни, починал во Општата болница Куманово, а во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка на 67 години, од село Опае, Липковско, примена на 2 јуни, годинава. Оздравен е еден пациент од Куманово.

– Денеска извршени се 61 тестирање. По „Мој термин“ 21 тестирање, 14 се извршени во Липково, согласно епидемиолошки индикации и 26 се контролни тестови од кои 25 се во Липково и еден во Куманово, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Ариф Љатифи.

Според податоците на Министерството за здравство на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 653, а активни случаи се 206.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци