Филипче: Се очекува уште поголем наплив на пациенти заболени од коронавирусот

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во идниот период се очекува бројот на пациенти заразени од коронавирусот уште повеќе да расте, па дека токму затоа се прави и реорганизација на капацитетите во болниците.

„Се очекува дека бројот на испишани на пациенти ќе биде помал од бројот на примени пациенти. Вториот бран дојде порано од тоа што го очекувавме“, рече Филипче.

Во моментов, во болниците се сместени 330 пациенти заболени од Ковид-19.

Најголеми жаришта на Ковид-19 во земјава засега се Скопје и Тетово.

Министерот Филипче рече дека засега не се планира да се воведат рестриктивни мерки, туку активностите се насочени кон реорганизација на болниците и лоцирање на контактите со цел да се има комплетен увид во кластерите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст

А1он

Филипче: Дали Сиљановска-Давкова сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?

А1он

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

А1он

Филипче: Нашите деца да јадат корења, а нивните да патуваат со бугарски пасоши

А1он