Грција, сепак, ноќеска ја отвори границата со Бугарија и за српските државјани

Од:

Грчката Влада доцна синоќа донесе одлука да им дозволи преминување на границата и на српските државјани на границата меѓу Бугарија и Грција.

Српските дипломати успеале да ги убедат Грците да го отворат граничниот премин Промаонас, поточно Кулата, за нивните туристи, кои вчера во километарски колони чекаа цел ден.

Весникот „Новости“ дознава дека српските туристи веќе полека почнале да го минуваат граничниот премин и се движат кон своите летни дестинации.

Српската Влада во текот на денешниот ден треба да ја добие одлуката со која на српските туристи им се гарантира дека слободно можат да ја минат границата меѓу Бугарија и Грција.

-По целодневните разговори со грчките власти, тие вечерва ме известија дека ќе почнат да ги пропуштаат нашите граѓани на бугарско-грчката граница, изјави доцна синоќа шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за весникот „Блиц“.

„Грчката Влада утре и официјално ќе ја донесе одлуката да ја вклучи Србија кон земјите од ЕУ и Шенген-зоната, за граѓаните на Србија да можат да влезат во Грција“, изјави министерот Расим Љајиќ за порталот Нова. Според него, за грчките власти не е битно каде влегуваат патниците – дали преку Северна Македонија или преку Бугарија.

Тој забележува дека Грција ќе го задржи правото на случајно тестирање и земање примероци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ