(ВИДЕО) Жерновски: Ниту еден сантиметар од зеленилото нема да се чепка без согласност на граѓаните

Од:

Андреј Жерновски кој вчера по трет пат победи во трката за градоначалник за општина Центар, денеска остро реагира на новите активности од општина Центар кои заградија уште една зелена површина спроти хотелот „Бристол“ со намера за градежни активности.

„Ако мислеа дека ќе славиме и дека денеска ќе можат да го направат ова, се лажат бидејќи ние веднаш се зафаќаме со работа“, и порача на власта, Жерновски.

„За време на кампањата кажавме дека ниту еден сантиметар од зеленилото во Општина Центар нема да има промена доколку тоа не биде верификувано од жителите од страна на општина Центар“, изјави Жерновски.


Советникот во општина Центар од редовите на СДСМ Мирослав Шиповиќ најави дека во среда на пладне, ќе се одржи конститутивна седница на Советот во општина Центар каде мнозинство има Сојузот за иднината.

Со ова целата власт во општина Центар преоѓа во рацете на Сојузот за иднината.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“