Го поздравувам договорот постигнат меѓу двете главни политички партии во Северна Македонија за одржување на изборите на 15 јули, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
– Важен сигнал за земјава, нејзините граѓани и патот кон ЕУ, овој договор го трасира патот кон слободни, фер и инклузивни избори, коишто ќе бидат набљудувани од страна на ОБСЕ/ОДИХР, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.
Претходно денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се договорија изборите да бидат на 15 јули годинава.