Германската фотографија за домашен туризам, Владата ја замени со фотографија од Охридско Езеро

Од:

Владата се премисли – ја замени фотографијата од Германија, со која го промовираше домашниот туризам, со фотографија од Охридското Езеро.

По бројните реакции на социјалните мрежи, дека покрај сите прекрасни места во Македонија, Владата се послужи со фотографија направена во Германија, за да ги привлече граѓаните да ги посетуваат убавините на Македонија, од Министерството за економија излегоа со образложение:

„Во врска со фотографијата која е употребена на платформата “Дома си е дома“ (www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи, сакаме да ве известиме дека фотографијата е преземена со сите авторски права. Во исто време Ве информираме дека Министерството за економија во текот на денешниот ден ја замени со нова фотографија од домашна туристичка дестинација. Како Министерство за економија низ целата промоција на мерката, преку оваа Платформа, акцентот го ставаме на промовирање на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија. Платформата ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде нашите граѓани ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам, каде што дополнително сите граѓани кои што ќе одлучат да летуваат во нашата земја ќе можат да ги видат убавините на државата“, стои во соопштението на Министерството за економија.

Претходно се огласи и фотографот Симон Мигај, кој на својот инстаграм-профил потегот на македонската Влада го оцени како смешна неделна приказна.

„Смешна неделна приказна. Ја споделувам оваа слика бесплатно на веб и понекогаш таа завршува на чудни места. Во моментов е актуелна на социјалните медиуми бидејќи Владата на Македонија одлучила да ја користи за промоција на нивниот туризам и Македонците се обидуваат да откријат кое е тоа место. Ова е Конигсе во Германија“, напиша Симон Мигај.

Граѓаните во текот на целиот ден на социјалните мрежи, во име на протест затоа што Владата преку странска фотографија го промовира македонскиот туризам, споделуваат фотографии од странство, пишувајќи дека истите се направени во земјава.

Претходно, Владата донесе сет на мерки за заживување на економијата, поради огромните загуби предизвикани од пандемијата. Една од мерките се однесува и на зајакнување на домашниот туризам, па така Владата доделува ваучери во вредност од 6.000 денари, на 117.122 граѓани.

За промоција на оваа мерка, како и за граѓаните да проверат дали се опфатени во мерката изработена е платформата https://domasiedoma.gov.mk/ меѓутоа насловната фотографија со која се промовираше домашниот туризам, всушност промовираше туризам во Германија.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Затворен огласот за ваучер за клими поради преголемиот број на апликации

A1on