Франција: ЕУ ќе ги дели вакцините против Ковид-19 според бројот на жители

Од:

Договорот меѓу британската компанија „Астра Зенека“ и Франција за вакцина против вирусот Ковид-19 предвидува дистрибуција на вакцината меѓу земјите на ЕУ пропорционално со бројот на жители, изјави денеска претставник на Кабинетот на францускиот претседател.

Минатиот викенд, британската фармацевтска компанија потпиша договор со европските влади за набавка на повеќе од 400 милиони дози потенцијална вакцина за Ковид 19.

Договорот беше потпишан од европскиот Сојуз за вклучување вакцини (ИВА), кој беше основан од Франција, Германија, Италија и Холандија со цел да се обезбеди вакцината за сите членки на Европската унија што е можно поскоро.

Договорот се заснова на принципот на пропорционална дистрибуција на вакцините, според бројот на жители. Баравме вакцината да се произведува во Европа и така е договорено,“ вели претставникот од Кабинетот.

Според него, Франција се надева дека слични договори наскоро ќе бидат склучени и со други фармацевтски компании.

Вакцината сè уште се во фаза на клиничко тестирање, а ќе бидат наменети за сите земји-членки на ЕУ.

Како што беше објавено денес, Италија, Германија, Холандија и Франција ќе платат 750 милиони евра за 300 милиони дози на потенцијалната вакцина на Aстра Зенека против Ковид-19 како дел од европски договор за гарантирање на набавка на лекови. За својот удел во договорот, Италија ќе плати околу 185 милиони евра за 75 милиони дози.

Паралелно, Германија ќе стекне удел во биотехнолошката компанија CureVac, која работи на вакцина против Ковид-19, објави денеска министерот за економија Питер Алтмејер. Германската Влада ќе се здобие со 23 проценти од компанијата за 300 милиони евра. 

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток