(ВИДЕО) Мицкоски со ултиматум: Не прифаќаме избори на 5 или 8 јули, до крајот на денот власта да се вразуми

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека неговата партија нема да учествува на изборите, доколку тие се одржат на 5 или 8 јули. Тој бара избори во средината на јули или тогаш кога ќе дојде мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од каде, како што тврди Мицкоски, кажале дека можат да пратат оценувачка, но не и набљудувачка мисија. Мицкоски е дециден: „Избори на 8 јули, не доаѓа предвид“.

Мицкоски упати ултиматум до СДСМ до крајот на денот да се предомислат, инаку најави дека земјава ќе влезе во криза. Тој не откри какви чекори ќе бидат преземени и упати дека ќе биде одлучено на утрешниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе имаме избори кога ќе имаме јасни протоколи за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Ако сака да оди на избори, нека оди. Јас нема да поддржам и да го легитимирам тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од тие избори ниту на 5 ниту на 8 јули. На состанокот кај Пендаровски се слушаше само 8 јули“, посочи Мицкоски.

Тој не сакаше да сподели што се зборувало кај претседателот Пендаровски, каде што беше со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Мицкоски најави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе има состанок на Централниот комитет, по што, додаде, „До крајот на денот власта да се вразуми, не прифаќаме избори на 5 или 8 јули“.

„Ние имаме два услова, првиот е јасни протоколи за здравјето на граѓаните, а вториот е мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна на изборите. Тоа што го соопшти денес ОБСЕ/ОДИХР е невозможно да се случи. Доколку ОБСЕ/ОДИХР ја воспостави мисијата денеска, тогаш кампањата може да почне утре. Од она што можам да го видам,  ОБСЕ/ОДИХР нема да праќа набљудувачка туку оценувачка мисија. Тоа е степен подолу од набљудувачката мисија. Според ОБСЕ/ОДИХР, тоа ќе бидат седуммина. Најрано можат да дојдат на 17 јуни, не порано од 22 јуни, што значи дека ако Зоран Заев и СДСМ одлучат да водат избори на 5 и 8 јуни, ќе почнат без мисија на ОБСЕ/ОДИХР, што е надвор од вредностите на Европската Унија“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики