Дрис Мертенс влезе во историјата на Наполи со неговиот погодок против Интер, кој ги однесе „небесносините“ до финалето на Купот на Италија.
Двете екипи синоќа одиграа 1:1 во полуфиналниот реванш и со вкупен резултат 2:1 фудбалерите на Џенаро Гатузо се квалификуваа за решавачкиот натпревар, каде ќе се сретнат со хегемонот Јувентус на 17 јуни во Рим.
Ова беше 122-ри гол за Белгиецот во дресот на тимот од Неапол на сите турнири, со кој тој стана најдобар стрелец во целата историја на клубот.
На овој начин, Мертенс го надмина Марек Хамшик.