Полицијата во Париз не дозволува дефилирање на протестот против полициска бруталност

Од:

Париската полиција попладнево не им дозволи на учесниците на протестот против полициското насилство и расизмот да дефилираат, држејќи ги насобрани на Плоштадот на Републиката, јави дописникот на МИА.

Протестите против полициското насилство и расизмот се одржаа или се во тек во повеќе француски градови и покрај забраната за собирање на повеќе од десет лица поради здравствените мерки против коронавирусот.

Најмасовно е во Париз, каде според повеќе сведоци, учествуваат околу 20.000 лица, кои требаше од Плоштадот на Републиката да се движат до Плоштадот на Операта. Полицијата под наредба на префектот не им дозволува на учесниците на собирот да создадат поворка и преку својот Твитер профил им порача дека „оние кои сакаат можат да го напуштат Плоштадот на Републиката, во сите правци освен кон булеварот Сент Мартин и улицата Тампл“.

Еден од лидерите на опозицијата, пратеникот Жан-Лук Меланшон од редовите на Непокорна Франција, кој е присутен на плоштадот, ги повика властите и силите на редот да дозволат создавање поворка. Тој притоа жестоко го критикуваше префектот на Париз Лалеман.

– Очекував други провокации од префектот Лалеман, кој организира нешта за работите да тргнат на лошо, истакна Меланшон, оценувајќи притоа дека префектот „не бил во нормална ментална состојба која се совпаѓа и која се очекува од шеф на полицијата“.

Собирот во Париз и во другите француски градови се дотолку поризични, бидејќи и полицијата не е задоволна од реакциите на Владата, откако и од нејзините редови пристигнаа обвинувања за понекогаш несоодветно однесување на некои од нејзините припадници.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток