Јувентус минимално со 1:0 го доби дербито против Милан и на пет кола пред крајот на првенството во Серија А се наоѓа многу блиску до одбрана на шампионскиот трофеј.
Победничкиот гол за „Старата дама“ на синоќешното дерби одиграно во Торино го постигна Артуро Видал во 57.минута.
Со новите три бода Јувентус има 11 повеќе во однос на второпласираниот Наполи и на последните пет средби потребни му се само четири бодови за потврда на „Скудетото“.
Милан и покрај поразот остана на третата позиција, но сега само со бод повеќе од Фиорентина која му е најголем конкурент за освојување на местото кое води во квалификациите од Лигата на шампионите.
Постигнати резултати на другите натпревари од 33.коло во Италијанското фудбалско првенство: Интер – Парма 1:0, Наполи – Каљари 3:2, Сиена – Киево 0:1, Катанија – Палермо 1:1, Рома – Пескара 1:1, Болоња – Сампдорија 1:1, Фиорентина – Торино 4:3, Џенова – Аталанта 1:1 и Удинезе – Лацио 1:0.
Табела: Јувентус 77 бодови, Наполи 66, Милан 59, Фиорентина 58, Интер 53, Рома 52, Удинезе 51, Лацио 51,…