Обединетите нации заклучија дека ланските напади врз нафтените постројки на Саудиска Арабија, кои предизвикаа хаос на светскиот нафтен пазар, биле изведени со иранско оружје.
Во извештајот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, до Советот за безбедност на ОН, до кој дојдоа некои американски медиуми, се вели:
„Секретаријатот оценува дека крилестите ракати или нивни делови употребени во четирите напади имаат иранско потекло, се вели во документот“.
Заклучокот е направен врз основа на анализа на остатоците на оружјето. Во извештајот се разгледувале и нападите во Афифа во мај 2019 година и престрелките кај аеродромот Абха во јуни и август. Дроновите што биле искористени за нападите на објектите во Абкаик и Хураис во септември 2019 година, исто така се од иранско потекло.
Во септември 2019 година беа нападнати најголемите нафтени објекти на Саудиска Арабија. Одговорноста за тоа ја презеде шиитското племе Хути, кое учествува во граѓанската војна во Јемен со поддршка на Техеран. По експлозиите, земјата го намали производството на нафта за 5.7 милиони барели дневно. За нападите САД го обвинија Иран и воведоа посебни санкции против земјата.