Медицински сестри и инспектори позитивни на коронавирус во Куманово

Од:

Три медицински сестри и еден вработен во техничката служба на Инфективното одделение во Куманово се заболени од коронавирусот. Позитивен е и еден лекар од Куманово, но тој работи на клиниката во Скопје, информира директорот на Центарот за јавно здравје, Ариф Љатифи за А1он. На инфективното одделение вработенот медицински персонал се тестирал на коронавирусот во изминатите пет дена и резултатите ја покажале оваа бројка.

Меѓу заболените од коронавирусот има четворица пазарни инспектори и еден санитарен инспектор исто така од Куманово.
Заразените медицински лица и инспектори се во домашна самоизаолација, додаваат од Центарот за јавно здравје.

Во првиот бран на кумановското инфективното одделние позитивни на коронавирусот беа неколку лекари, кои успешно се изборија со болеста и се вратија на работа.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он