Пронајдени 142 мигранти во камион со бугарски регистарски ознаки

Од:

Вкупно 142 мигранти се пронајдени вчера во товарно возило „ман“ на автопатот Гевгелија – Скопје, соопшти МВР.

Возилото, со бугарска регистарска ознака, кое се движело со голема брзина, било забележано околу 05:40 часот. Полицијата се упатила кон него за да го запре и исконтролира, но не застанало и се упатило по стариот пат од село Милетково кон село Габрово.

Набргу потоа возачот сопрел, а во камионот при преглед биле пронајдени мигрантите. Тие се приведени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“, а направен е и увид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Mигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски