ВИДЕО: Филипче ги моли пациентите да не лажат и да даваат точни податоци за контактите

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција буквално ги молеше пациентите болни од коронавирусот да не даваат лажни податоци за контактите што ги имале, со цел побрзо да се спречи ширењето на коронавирусот.

Тој рече дека „не чека долга битка со коронавирусот“, дека мора да се научиме да живееме со него, но и дека граѓаните не смеат да лажат во однос на контактите.

„Препораките на Комисијата за заразни болести остануваат исти. Бранот се уште трае иако две од поголемите жаришта, во Тетово и во Штип, спласнуваат. Сега сме сконцентрирани на спречување на ширење на заразата тука во Скопје. Не чека долга битка со вирусот, но мора да се научиме да живееме со него. Тоа е нашиот нов начин на живот, држење дистанца, носење маски и редовна дезинфекција на рацете. Сепак, мора да се кажуваат точни податоци, имаме неколку случаи во кои заради давање неточни податоци повеќе здравствени работници сега се во изолација. Ова не смее да се случува. Апелирам сите пациенти да ги кажуваат точните податоци и да се почитуваат институциите. Посебно здравствените работници, кои оваа битка не можат да ја добијат сами.  Животот мора да продолжи, не можеме да останеме затворени и со рестрикции“, рече Филипче.

За случаите кога лицата даваат погрешни податоци, Филипче вели дека тие се споделуваат со Министерството за внатрешни работи, онаму каде што се соочуваат со проблеми, особено и во делот на пристапот, каде што во последниов период одредени лица одбивале да соработуваат или давале погрешни податоци.

„Не може ние да ставаме здравствени работници во изолација, сега, кога најмногу се потребни на здравствениот систем, затоа што некој не ја кажува вистината. Тоа е апсолутно недозволиво, тоа е загрозување на јавното здравје и на здравствениот систем и на индивидуалното здравје на здравствените работници. Имаме родилка која не дала точни податоци во Гинеколошката акушерска клиника во Скопје, сличен случај и во гинеколошката болница во Чаир. Мора луѓето да се свесни дека ова е сериозна работа и дека имаат одговорност“, вели Филипче.

 

Би можело да ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања,

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски