Белгија: Во јули врз луѓе ќе се тестира нова вакцина против Ковид-19

Од:

Белгиската фармацевтска фирма, Јансенс, најави клинички тестови врз луѓе на нова вакцина против Ковид-19 во текот на јули, односно два месеци порано од очекуваното, јавуваат денеска белгиските медиуми.

Според фармацевтската компанија, оваа вакцина има „50 отсто повеќе шанси да биде ефикасна“ против вирусот. Предклиничките тестови врз животни дале охрабрувачки резултати, што ќе овозможи да се премине на клиничката фаза со тестови врз луѓе веќе во втората половина на јули.

Тестовите ќе се прават врз 1045 лица во добра здравствена состојба, на возраст помеѓу 18 и 55 години.. Од овие стотини ќе се тестираат во Белгија, останатите во САД.

Научниците објаснуваат дека станува збор за вакцина од истата фамилија како вакцината против Ебола, што значи дека нејзините ризици и нус ефекти се добро познати.

Во наредните денови предметот треба да се поднесе до националната комисија за етика како и до медицинската агенција на Белгија кои треба да дадат зелено светло.

Доколку првата фаза на тестирање даде добри резултати, ќе се премине на втората и третата со многу поширок примерок на тестови врз луѓе. Во третата фаза се предвидува тестирање врз десетина илјади лица.

Во оваа трета фаза, која е и најдолга и најчувствителна, дел од луѓето ја примаат вакцината, другиот дел добиваат плацебо. Фирмата се надева, доколку вакцината се покаже успешна, да произведе една милијарда дози во текот на 2021.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on