Марио Сентено, португалскиот министер за финансии и воено претседател на Европгрупата, групата на земји членки на еврозоната, попладнево најави дека поднесува оставка од својата министерска функција.
Тој заминува на 15 јуни од министерската позиција, додека пак мандатот за претседател на Еврогрупата завршува на почетокот на јули.
– Мојот мандат на претседател на Еврогрупата завршува на 13 јули 2020 година. В четврток ќе ги информирам моите колеги од Еврогрупата за мојата одлука да не барам втор мандат, бидејќи на 15 јуни ќе поднесам оставка како министер за финансии на Португалија, напиша министерот во заминување на Твитер.
Тој додаде дека в четврток ќе го отвори повикот за нов претседател на Европгрупата, изборот ќе се изврши на 9 јули.
Еврозоната како и Европската Унија се наоѓаат во најголемата економска криза од крајот на втората светска војна.