ОНЕ: Шпекулација е дека телевизиите не се емитуваат на БУМ ТВ

Од:

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ како груби шпекулации и дезинформации ги отфрла написите што се појавија на одредени интернет портали и нивното тврдење дека четирите национални телевизии Канал 5, Алсат М, Сител и Телма,  плус Алфа ТВ биле исклучени и извесно време не биле емитувани на Бум ТВ.

Како што и сите корисници на Бум ТВ знаат, сигналот на ниту една од овие телевизии не беше прекинат во ниту еден момент и непречено можеа да ги следат нивните програми. ОНЕ и Диги Плус работат според постојните закони и пропишана регулатива и ги почитуваат потпишаните договори со сите телевизии.

Информациите и натписите како денешните, ОНЕ единствено ги сфаќа како атак врз најбрзо растечката ТВ платформа во Р.Македонија – Бум ТВ.

Бум ТВ и во иднина продолжува да работи за доброто на своите корисници практикувајќи високи и професионални критериуми во своето работење, пишува во соопштението на телекомуникацискиот оператор ОНЕ.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ