Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, одлуката за карантин беше исправна

Од:

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени.

Тој не смета дека одлуката за ставање на Скопје и четирите останати општини под карантин била лоша и дека истата била во целост издржана.

Филипче тврди дека 90 отсто од новозаболените се асимптоматски и дека кластерите се под контрола.

„15 кластери прават над 90 отсто од случаите. Има и спорадични случаи и не значи дека вирусот го нема надвор од кластерите. Несомнено е дека имаме втор бран што е резултат на непочитувањето на мерките и препораките. Најголем број од случаите се асимпотомаски или со лесни симптоми, дури 90 проиценти, што значи дека вирулентноста слабее. Иако бројката на заразени е висока, таа се шири во рамките на кластерите и на лицата во изолација“, рече Филипче, додавајќи дека во овие два дена Комисијата за заразни болести прави детални анализи.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација