Дачиќ: Именувањето на Лајчак за посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина има позитивни и негативни страни

Од:

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ оцени денес дека назначувањето на Мирослав Лајчак за посредник на Европската унија за Косово „има позитивни и негативни страни“, затоа што доаѓа од Словачка, која ја нема признато независноста на Косово, но во исто време мора да докаже дека не е наклонет на таа опција.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ кажа дека „не зависи од нив да одредуваат кој ќе биде резултат од дијалогот меѓу Белград и Приштина“.

-Што значи тоа дека нема да има размена на територии? Тогаш за што ќе разговараме, праша Дачиќ и додаде, „ако нема промена на границите, тогаш нема ни промена на границите на Србија“.

Говорејќи за претстојните избори на 21 јуни, Дачиќ изјави дека од 2012 година Србија постигнала големи резултати, се стабилизирала економски и политички и се приближила до големите сили. Тој оцени дека Социјалистичката партија на Србија (СПС), чиј е лидер, научила лекции од минатото и успеала да се крене, благодарение на упорноста и верното членство.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија