Универзитет во Тетово: Со лична и колективна хигиена да се минимизираат последиците од Ковид-19

Од:

Дополнителни мерки за здравствена хигиена поради Ковид-19 се спроведуваат во сите простории, како и надворешноста на кампусот на Универзитот во Тетово, особено во овој период кога ќе се одржат испитни сесии во јуни и јули, информираат од тетовската високообразовна институција.

Оттаму потенцираат дека со грижа за лична и колективна хигиена ќе се минимизираат последиците од глобалната пандемија.

– Вработените од техничкиот персонал продолжија со редовна дезинфекција на предавалните на факултетите, кабинетите на професорите, административните канцеларии, спортските терени, како и сите останатите внатрешни и надворешни простории на Универзитетот во Тетово. Максимално сме посветени за непречено одвивање на наставно-научниот процес, особено во овој период кога ќе се одржат јунски и јули испитни сесии, соопштуваат од Универзитетот.

Континуитетот на наставниот процес и наука во пролетниот дел од академската 2019/2020 година во време на пандемија со Ковид-19 на Универзитетот се одвиваше преку интернет. Преку онлајн отворени денови, од 13 до 15 мај, матурантите имаа се запознаа можностите за студирање на 50-тина студиски програми на 13 факултети со околу четири илјади слободни места.

Би можело да ве интересира

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври