Захариева: Антибугарската реторика во Македонија е заради изборите

Од:

Антибугарската реторика во Македонија е заради претстојните избори и националистичките ставови на некои политичари, смета шефицата на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева.

– Дел од причината за антибугарската реторика во Македонија е националистичкиот пристап, кој е заради претстојните избори во земјата. Но, кога се стремите да бидете дел од европското семејство, на ниеден политичар не треба да му дојде на ум да зборува на таков начин, особено кон соседна пријателска земја, изјави Захариева за БНТ.

Вели дека таквата реторика во Македонија е проследена и со многу лажни вести за Бугарија и бугарските ставови. Смета дека најголем чекор назад во билатералните односи е прекинувањето на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.

– Стопирањето на работата на заедничката комисија со Македонија  беше на нивно барање заради претстојните избори. Но, не го прифаќам аргументот дека работата на комисијата треба да запре пред изборите, бидејќи е составена од историчари, а не од политичари и никој не ѝ дава политички инструкции, рече Захариева.

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата