Филипче: 70 отсто од новозаболените се од веќе познати кластери

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини и познати кластери, пред сè од Чаир и од Сарај.

„Во Сарај веќе почна да се намалува бројката на заболени. Останува Чаир, и таму работат тимовите за јавно здравје. Понатаму е Студеничани, каде денес се анкетираат лица. Во Штип новодијагностицираните се од неколку конфекции. Денеска екипа од Министерството за здравство и Државниот здравствен инспекторат беа таму и донесена е одлука да се затворат пет конфекции до наредниот понеделник, а 600 луѓе ќе бидат истестирани во тој период“, рече Филипче.

Тој додаде дека очигледно е дека и покрај високите бројки, нема пациенти што се јавуваат во болници, што значи дека тие се со полесна клиничка слика или се асимптоматски.

По направениот детален увид направен во Центарот за јавно здравје, дојдено е до заклучок дека новодијагностицираните пациенти остануваат дома да се лечат, што, според Филипче, значи дека здравствениот систем може да се справи со овој бран.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски