Фијат Цаноски излезе од коалицијата „Сојуз за иднината“. ПЕИ на последните седници на партиските органи ги анализирале резултатите од последните локални избори и заклучиле дека е неопходно редефинирање на позициите што на партијата ќе и донесат поголем бенефит во нејзиното политичко делување.
„Првенствено почитувајќи ја волјата на нашето членство, водејќи се од заложбите за посилно и поконкретно реализирање на програмските определби на ПЕИ, за унапредување на правата на нашето членство кое е мултиетнично о особено за соодветно вклучување на Торбешите како засебна етничк заедница во системот на институционално делување, одлучивме понатаму да не сме дел до „Здружената опозиција – Сојуз за иднината“ а нашето политичко делување ќе биде самостојно и независно од било кој политчки блок или партија“ – стои во соопштението на ПЕИ.
ПЕИ има тројца свои пратеници, лидерот Фијат Цаноски, Mевмет Џемаиловски и Рејхан Дурмиши. Во рамките на на ПЕИ функционираше и Санџачката лига, односно пратениците Сафет Бишевац и Ленче Николовска, кои пред да бидат парламентарци беа новинари на некогашната А1 телевизија. Досега двајцата изјавуваа дека без разлика на одлуките на ПЕИ, тие ќе останат во коалицијата со СДСМ.