Во фудбалскиот шампионат на Германија вечерва од 20 часот и 30 минути со натпреварот Борусија Менхенгладбах – Аугсбург започнува 30.коло.
Домаќините се борат за освојување место на табелата кое обезбедува излез на европската сцена, додека Аугсбург бара бодови за зголемување на шансите за опстанок во лигата.
На останатите натпревари од ова коло кои ќе се играат утре и задутре двојките се: Борусија Дортмунд – Мајнц, Баер Леверкузен – Хофенхајм, Хановер – Баерн Минхен, Хамбургер – Фортуна Дизелдорф, Ајнтрахт – Шалке, Вердер Бремен – Волфсбург, Штутгарт – Фрајбург и Нирнберг – Гројтер Фурт.
Табела: Баерн Минхен 78 бодови, Борусија Дортмунд 58, Баер Леверкузен 50, Шалке 46, Фрајбург 45, Ајнтрахт 42,…