Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла со три џипа кога целата држава е во криза

Од:

„Петре Шилегов ќе го поднови директорот на Дрисла Коста Начевски со три нови џипа, кои се дел од јавната набавка од вкупно 13 милиони денари за набавка на нови возила.

Раководството на Дрисла не крие дека овие возила ќе се користат од раководната администрација и самиот директор“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Значи наместо да се набави работна механизација и кипери, тие ќе набавуваат возила за удопства и луксузирање на раководството на ова градско претпријатие. Сето ова аминувано од скандал мајсторот Петре Шилегов кој самиот соопшти дека не работи и не живее од плата.

Додека Шилегов преку Дрисла набавува џипови, Македонија ја доживува најсериозната економска криза, и се повеќе луѓе живеат во сиромаштија.

Ќе потсетиме дека Дрисла се најде во фокусот кога истиот директор Коста Начевски, инаку братучед на сопругата на генералниот секретар на владата Рашковски додели тендер на друг братучед на Рашковски.

Како советничка група во Градот Скопје бараме повлекување на одлуката за набавка на џипови и испитување на финансиското работење на Дрисла и Петре Шилегов“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом

ДПМНЕ постави партиски ветеран бугарофил за член на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Лажен полицаец и дипломат измамија две жени од Скопје, од жртвите земаа милион денари

Горан Наумовски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт