Фудбалерот на Лион, Мемфис Депај се опорави од повредата на вкрстениот лигамент на коленото објави „AD“.
Според изворот, 26-годишниот Холанѓанец ќе започне со тренинзи во општата група за една недела.
Лион не го брза фудбалерот, сепак, клубот е сигурен дека играчот ќе биде во форма до август.
Депај има 14 голови и две асистенции на 18 натпревари за Лион во сезоната 2019/20.