Хрисохоидис: Оградата кај Еврос ќе ја изградиме, бранејќи ги нашите интереси

Од:

Со план и стратегија ја чуваме нашата граница. Оградата ќе ја изградиме, бранејќи ги интересите на нашата земја. Сакам да ве уверам дека чуварите се тука, силите на Фронтекс се тука и границата е безбедна и ќе остане безбедна, затоа што Владата е присутна, има план, има стратегија и е будна на дневна основа, порача од Еврос, министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис.

По посетата на конкретната област, рече дека „не се случува нешто вонредно или нешто што треба да загрижува“, но додаде дека најважна е безбедноста и објасни дека распоредувањето на 400 полицајци на граничната линија, всушност е нивно враќање на Еврос, кое беше прекинато поради пандемијата.

За последните случувања кај Еврос, надлежниот за надворешна политика во грчката опозициска партија СИРИЗА, Јоргос Катругалос од Министерството за надворешни работи на Грција побара да ги достави до Парламентот двете вербални ноти испратени до Турција.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески