Бојаровски: Исчезнуваат новинарските експерти

Од:

Уредникот во телевизија Алфа, Зоран Бојаровски, на конференцијата за подобрување на сорабтоката меѓу новинарите и граѓанските организации за промоција на човекови права преку совети објасни што недостасува во механизмите за соработка меѓу нив.

– Не е доволно граѓанските организации да испратат билтен или соопштение до медиумите. Обидете се она што е вредно да го направите преку настан кој ќе ги привлече медиумите. Потребни се дополнителни напори за да се привлече вниманието, рече Бојаровски.

Тој укажа дека новинарите знаат се, а всушност тоа е површно знаење.

– Се помалку во медиумите постојат експерти од новинарски аспект. Кога ќе исчезнат тие, ќе имаме работа со сезнајковци. Затоа, на новинарите им требаат дополнителни информации, а граѓанските организации треба да им ја овозможат таа помош, истакна уредникот во ТВ Алфа.

Покрај тоа, на граѓанските организации им укажа да внимаваат на јазикот кој го користат, бидејќи тој најчесто е стручен и може да предизвика проблеми на новинарите.

Елена Георгиевска – Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ