Спасовски: 22 дена по завршување на вонредната состојба ќе треба да се одржат изборите

Од:

Изборите да се одржат во првиот можен рок, кога и ќе има најмногу створени услови, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски, презентирајќи ги одлуките на Владата за олабавување на мерките воведени за заштита од коронавирусот.

Според Спасовски, изборите се одржат за 22 дена по укинувањето на вонредната состојба.

„Датумот на изборите е детерминиран со уредбата законска сила која има важност до завршување на вонредната состојба. Во моментот кога ќе заврши, за 22 дена, ќе треба да се одржат избори. Тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мора да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во моментот кога ќе има најмногу створени услови. Една од нашите одговорности е да направиме се колку што е можно побрзо да се обезбеди новата нормалност“, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека граѓаните им требаат стабилни институции.

„Преку обезбедена заштита на јавното здравје, ќе може сите вообичаени активности ќе можеме да ги спроведеме така како што очекуваме, а таква активност сигурно би биле и претстојните парламентарни избори. На македонската демократија и развој им требаат стабилни институции и колку што е можно побрзо, враќање на нормалниот колосек, на функционирање на државата. На македонските граѓани им треба функционално Собрание“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност