Меѓународните јавни сервиси ја истакнаа својата улога во борбата против ширењето на дезинформации во врска со смртоносниот вирус.
Во денешното заедничко соопштение, на седумте јавни сервиси од САД, Европа, Канада, Јапонија и Австралија, се истакнува дека нивните редакции „се мобилизирале во борбата против ширење, посебно на социјалните мрежи, на лажни вести за болеста и нејзино лекување“.
Јавните сервиси – Франс медиа монд, Дојче веле, Би-Би-Си ворлд сервис, НХК ворлд, Си-Би-Ес Радио Канада и Еј-Би-Си Австралија и американската агенција Глобал медиа, во чии рамки работат и Гласот на Америка и Радио Слободна Азија, наведуваат дека забележале зголемен број на слушатели за време на пандемијата.
Тие истакнуваат дека повеќе од една милијарда луѓе секоја недела ги следат нивните емисии.