Пировска: За општествена свест е потребно истражувачко новинарство

Од:

На конференцијата за соработка меѓу граѓанските организации и медиумите за промоција на човековите права директорка на Хелсиншкиот Комитет за човекови права, Уранија Пировска зборуваше за важноста на ефективната соработка од аспект на слободата на изразување и говорот на омраза.

-Ниту една борба за човековите права не може да успее, доколку не се соберат новинарите и граѓанските организации, бидејќи тие се нужни соработници. НВО секторот не ги презентира информациите на начин кој што е привлечен за медиумите. Но, клучно за креирање на општствената свест е и истражувачкото новинарство-истакна таа.

Пировска истакна дека додека работела во кабинетот на Народниот правобранител новинарите и се јавувале и за совет. Со тоа, таа посочи дека постои причинско-последична врска меѓу медиумите и организациите, со цел да им се осветли патот на граѓаните.

Елена Георгиевска – Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март