Недостасува свеста за човекови права во медиумите

Од:

Претставници од граѓанските организации и медиумите дискутираат за нивните механизми на соработка на конференцијата

„Унапредување на соработката меѓу граѓанските организации и медиумите за промоција на човековите права“. Конференцијата е организирана од Македонскиот институт за медиуми и се одржува во хотелот „Холидеј Ин“.

Раководителот на проектот во МИМ, Весна Никодиновска, ги претстави клучните наоди од интервјуата спроведени со претставници од граѓанските организации и медиумите.

– Медиумите не се заинтересирани за такви теми, граѓанските организации не се подготвени како тоа да им го пренесат на новинарите, не постојат лични контакти помеѓу нив. Но,една од причините поради што влијанието на медиумите е мало е политизираноста, рече Никодиновска.

Медиумите може да им помогнат на организациите и преку истражувачкото новинарство и постојаната соработка. Проблемите околу човековите права постојат, но се уште не постои доволна свест и не се застапени во медиумите.

Никодиновска посочи дека не постои доволна сензационалност во вестите, постои тренд на кампањско известување.

Настанот е во партнерство со Центарот за независно новинарство од Романија.

Елена Георгиевска
Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ